Реакции во Грција за ставовите на Заев за името

во категорија Регион од

Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев се причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Одговорниот за надворешна политика во главната опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, побара одговори – за што точно преговара грчката влада? На тоа реагираа од прес службата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, со одговор дека опозицијата била детално известена за грчките позиции на средбата Коѕијас – Кумуцакос.

Со свои коментари и драматични наслови денеска излегоа и грчките весници. „Двојно НЕ од Заев за едно име и промена на Уставот“; „Заев отфрла ерга омнес и најавува референдум“; се дел од насловите под кои се пишува за брифингот на македонскиот премиер и ставовите околу преговорите за името.

КАТИМЕРИНИ:

Премиерот на соседната земја Зоран Заев го отфрли барањето на грчката страна за име ерга-омнес. Името на ПЈРМ да се користи само за меѓународна употреба.“

ЕЛЕФТЕРОС ТИПОС:

Нова провокација од премиерот на Скопје додека преговорите за името се во тек.“

Real.gr:

Зоран Заев истакна дека има напредок во преговарачкиот процес, што дава причина за оптимизам.“

Еден друг текст пак, објавен во грчкиот весник „Та неа“ ја работи темата за наводно пазарење меѓу Атина и Берлин околу името. Тоа предизвика реакции и меѓусебни обвинувања на релација власт – опозиција во Грција.

Имено, според весникот кој цитира извори во Европската Унија, веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите во Грција што треба да стапи во сила од 1 јануари следната година, би се одложила за шест месеци како германски подарок за Грција ако се постигне договор со владата во Скопје.

Инаку, нова средба на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас за името е закажана за почетокот на мај во Солун.

Извор:http://www.alsat-m.tv