Работнички се огласи за дербито со МЗТ и за нападите на негова адреса

во категорија Спорт од

prazna-sala

Нјаголемото македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје кое вчера требаше да се одигра во „Градски Парк“ е презакажано за денеска од 19 часот во спорстката сала „Младост“ во Гостивар.

Оваа одлука беше донесена денеска, откако центарци не ги исполнија сите услови за да во „Градски Парк“ се одигра овој првенстввен натпревар. Проблем со семафорот беше причината за одложувањето на натпреварот, а Работнички поради тоа доби доста критики на негова сметка.

Токму на оваа тема најтрофејниот кошаркарски колектив се огласи со соопштение, а истото ви го преесуваме во целост.

Почитувани,

Во врска со вчерашното одложување на 140-то градско дерби помеѓу нашиот најтрофеен клуб КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш изразуваме жалење и им се извинуваме на сите навивачи и вљубеници во кошарката, кои вчера беа присутни пред салата „Градски Парк“ затоа што не можеа да уживаат во овој дерби натпревар.

Ние како клуб изминатите денови правевме апсолутно се`, со бројни средби и состаноци (наречете го тоа слободно „рашомонијада“ на Управата во Градски парк) за да обезбедиме натпреварот да се одигра на едно високо и професионално ниво, со сите безбедносни услови за сите присутни во салата. Впрочем, доказ за нашата грижа апсолутно се` да помине во најдобар ред е и кампањата која што ја водевме изминатите денови за фер, спортско и достоинствено навивање. Сето тоа, надополнето со паролата „НЕ за Дискриминација, Не за Расизам во спортот“ за сите заеднички да придонесеме во подигнување на јавната свест и да ги заштитиме сите спортисти од луѓето кои и во 21-от век прават разлика меѓу луѓето на национална, верска, политичка и расистичка основа.

КК Работнички го задржува правото, 72 часа пред одигрувањето на натпреварот да одлучи во кој термин и во кој ден ќе го одигра истиот. Сметавме дека терминот е соодветен и одговара на нашата екипа и затоа се одлучивме на таков потег, без притоа да имаме некаква лоша намера кон оние што не се клупски обоени односно да ги „разжалостиме“ сите вљубеници во кошарката затоа што МТВ не можеше да врши директен пренос.

Нашиот клуб никогаш досега, а ниту вчера не ја држеше целата спортска јавност во неизвесност дали ќе се одигра мечот или не. Напротив, КК Работнички ги правеше сите напори за да обезбеди услови односно да ги поправи помошните семафори за одбројување напад. До последен момент верувавме дека е можно да се направи нешто и да се одигра натпреварот. Но, за жал, не успеавме.

Ниту еднаш досега КК Работнички се нема пожалено за условите во кои нашите кошаркари играат низ салите во Македонија, но секогаш кога треба да се игра градското дерби во Парк, се наоѓаат милион причини за тоа да не се случи. Зошто? Како нашата сала има услови да ги пречека сите кошаркарски екипи од Македонската лига, а ги нема кога станува збор за МЗТ Скопје Аеродром? Зошто постојано се прави притисок, без недоволно правни причини, да се затвори нашиот храм на кошарката, а во исто време, салите во другите градови немаат соодветни услови за игра? Прашуваме, постојат ли двојни стандарди за КК Работнички и салата „Градски парк“? Постојат ли двојни стандарди кога игра МЗТ Скопје Аеродром наспроти останатите клубови во лигата?

Изминативе речиси три децении колку што е независна нашата земја, како и во повеќе од 70-годишното постоење на КК Работнички, клубот секогаш се грижел за развојот на кошарката и бил главен „виновник“ за создавањето на најквалитетните кошаркари и кошаркарски работници кои биле столбот на македонската кошарка, пред се`. Нашата школа досега дала бројни звучни имиња, почнувајќи од многу кошаркарски легенди, преку Претседателот на МКФ, се` до Перо Антиќ, кој заедно со уште неколку имиња кои излегоа токму од салата „Градски Парк“ беа четврта репрезентација во Европа. Затоа, ги отфрламе обвинувањата дека не сакаме прогрес, не сакаме напредок и дека не ја сакаме кошарката. 

За да не бидеме токму ние „кочничари“ на македонската кошарка (како што не` етаблираат некои спортски работници и клубови) и затоа што му мислиме добро на овој спорт, КК Работнички одлучи денеска вечното дерби против КК МЗТ Скопје Аеродром да го одигра во салата во Гостивар, бидејќи досега сите пофалби за одлични услови за игра во оваа сала стигнаа токму од челниците на МКФ. Се надеваме дека вечерва нема да најдат забелешки поради изборот на салата, како и изговори дека се гледаат нечии лични, наспроти клупски интереси. Натпреварот започнува во 19 часот. 
Дополнително, сите оние што имаат купено влезници за дуелот во Градски Парк, истите ќе важат за наредната средба во нашиот кошаркарски храм против вечниот ривал.

Спортски поздрав,
КК Работнички АД Скопје

Извор:https://derbi.mk/