Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани за подобра ресоцијализација

во категорија Култура од

„Со овие активности не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесувме и кон исполнување на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени  од слобода“, рече Алаѓозовски. 

Според него, Министерството е расположено да им помогне на казнено-поправните установи во оваа насока и доколку оваа пилот програма се покаже како успешна да се примени и во другите казнено поправни установи во Македонија. 

Директорот на затворот кажа дека Меморандумот опфаќа и активно вклучување на осудените лица во проекти за изучување на одредени вештини, како што се копаничарството, вајарството, сликарството, за кои, како што рече, ќе бидат обучени осудените лица за периодот по излегување од затворите. 

„Затворот Скопје работи активно на повеќе програми и повеќе проекти. Во соработка сме со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, потпомогнати од УНДП за рестартирање на нашата столарска и браварска работилница, за перофесионална доградба и ангажман на нашите осудени лица“, изјави Котевски.

Новата мерка ќе почне со реализирање на посета на културно уметнички манифестации, а подоцна со здруженија на граѓани и институции кои ќе понудат помош ќе се почне и со најавените работилници во кои ќе учествуваат затворениците.

 

Извор:https://www.mkd.mk/