Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура за 2018

во категорија Македонија од

Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура за 2018. со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка.

– Во овој момент  комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање, појасни  Алаѓозовски на новинарско прашање за проектите од Годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.

Во однос на најавата на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за отстранување на четири споменици, министерот рече дека тоа е работа на општината и дека се работи за споменици од проектот Скопје 2014.

Извор: https://tv21.tv/mk