Официјален Берлин: Никој не побара од нас да учествуваме во нападот врз Сирија

во категорија Свет од

САД, Велика Британија и Франција во петокот спроведоа воздушни напади врз Сирија. Германија, како еден од сојузниците на овие три земји, не учествуваше во нападот.

Повеќе од 100 проектили беа испалени кон Сирија. Нападот беше осуден од Дамаск и Москва, кои го нарекоа истиот „варварски“, но исто така и „акт на агресија врз суверена држава“.

Иако се шпекулираше за тоа дали Германија ќе учествува во нападот, сепак земјата не го стори тоа.

„Немаше барање Германија да учествува во воената операција“, рече портпаролот на германската влада, Штефан Зиберт.

Тој рече дека ставот на Берлин е очигледен со самото тоа што германските власти го осудиле нападот со хемиско оружје извршен од режимот на Башар ал Асад.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/