Ова го има само во Русија: Мечка отвори меч и му ја предаде топката на судијата (Видео)

во категорија Спорт од

mecka-topka

Фудбалските клубови ширум светот имаат свои заштитни лица и маскоти кои имаат често за задача да ги забавуваат фановите, но ако тоа најчесто го прават луѓе кои се облечени во специјални маски за да ја анимираат публиката, сега од Русија ни пристигна една оригинална сцена.

На мечот од третата лига меѓу Мачука и Ангушта кој се одигра изминатиот викенд, почетокот на мечот го назначи вистинска мечка која може да се види дека е врвно издресирана, а покрај ова, за задача имаше да ја предаде топката и до судијата.

Руските медиуми информираат дека станува збор за мечката Тим која верувале или не е родена слепа, но добрата дресура од циркусот која направила да има феноменален контакт со луѓето ги охрабри одговорните луѓе на Мачука да направат вистинско шоу на стартот на мечот.

Оваа сцена до толку ги воодушеви фудбалските фанови, што веќе на социјалните мрежи е покрената иницијатива мечката Тим да се покави и на Светското првенство кое е на програмата ова лето.

Извор:https://derbi.mk/