Мидо има инсајдерски извор за иднината на Салах: Подготвен е за едно ниво погоре

во категорија Спорт од

mido-palec

Мохамед Салах изминатиов викенд стана првиот африкански фудбалер кој постигнал 30 или повеќе голови во една сезона во Премиер лигата, а ваквиот учинок му донесе нова голема популарност меѓу фудбалските експерти, на чии мислења сега се надоврза и Ахмед Мидо.

Поранешниот најдобар египетски напаѓач имаше навистина убава авантура во Премиер лигата, но сега самиот тој вели дека Египет никогаш немал фудбалер како актуелната ѕвезда на Ливерпул, поставувајќи го популарниот Мо на самиот врв на вечната листа.

Според Мидо, Салах покажал неверојатен карактер и квалитет откако зад себе имаше една навистина непосакуваната авантура во англискиот фудбал, но покрај ова, предизвика многу реакции и поради изјавата со која го поврза својот сонародник со Реал Мадрид.

– Знам дека многумина нема да се сложат со мене, но според моите гледишта, Мохамед Салах е најдобриот фудбалер во историјата на египетскиот фудбал. Салах ментално е многу подобар од мене. Кога бев млад, не сакав да слушам никаков совет и тоа на крајот ми направи голема штета. Видовме колку Салах е ментално силен со начинот на кој играа оваа сезона откако претходно имаше непријатна етапа во Челси, – вели Мидо за „Кинг Фут“ и додава.

– Имам извори дека Реал Мадрид го сака Салах, а во последно време сите ги видовме лошите изданија на Герет Бејл и Карим Бензема со тактиката 4-4-2. Се плашев дека Салах може да изгори во Ливерпул, но сега мислам дека е подготвен за едно ниво погоре. Реал Мадрид може да ги истакна сите негови квалитети, – смета Мидо.

 

Извор:https://derbi.mk/