Леброн самоуверен: Не ме прашувајте дали ќе се вратиме…

во категорија Спорт од


Екипата на Кливленд Кавалирс доживеа пораз од Индијана Пејсерс од 98-80 во првиот меч од плејоф четвртфиналната серија на Истокот, но првата ѕвезда на вицешампионот, Леброн Џејмс не е загрижен и е убеден дека тимот позитивно ќе одговори на предизвикот во следните средби.

-Секогаш сум смирен во плеј-офот. Мислам, губам со 1-0 во првата рунда, губев со 3-1 и во финалната серија. Јас сум последниот човек кој треба да го запрашате како се чувствува во следните денови. Имаме момци кои за прв пат играа во ваков амбиент, па дефинитивно…Како што ви кажав: Вие секогаш ме прашувате дали имам да им кажаm нешто за плјеофот. Видете искуството е најдобар учител и тие тоа денеска го добија. Мислам дека сите ќе бидат многу поспокојни и многу попрецизни во она што сакаме да го направиме. Значи тоа е дефинитивно чувство за игра. Ќе видиме што ќе сторат, -рече Џејмс кој го запиша 20 трипл дабл во разигрувањата за пехарот.

Извор:https://derbi.mk/