Како Компани го прослави освојувањето на шампионскиот трофеј (Видео)

во категорија Македонија од

kompany

По неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед од страна на ВБА, нивниот градски ривал Манчестер Сити и официјално стана шампион на Англија.

Но, најинтересно беше слајвето кое започна во домот на капитенот на Сити, Винсент Компани, кој титулата ја прослави со фамилијата. Компани, кој ќе биде прв кој ќе го подигне највредниот трофеј во Англија на официјалната промоција, даде изјава за целата ситуација и за исчекувањето на натпреварот меѓу Јунајтед и ВБА:

-Не може да се опише ова чувство. Неверојатно е. Ова е големо достигнување и јас сум многу горд на мојот тим. Имав некое чувство кога се разбудив ова утро, но верувајте, поинакво е искуството кога чекате некој тим да загуби. Никогаш не сум бил во можност да ја одбранам титулата, па затоа имам желба да видам дали овој тим е способен за уште повеќе успеси во иднина- коментираше Компани.

Извор:https://derbi.mk/