Илјадници Android апликации ги злоупотребуваат личните податоци на децата

во категорија Технологија од

Повеќе од 3.300 Android апликации незаконски собирале податоци од деца кои користеле смартфони. Американско истражување покажа дека голем број од Android апликациите воопшто не ја почитуваат детската приватност.

Истражувањето проучуваше 5.855 Android апликации кои се наоѓаат на Google Play и откри дека повеќе од половина од нив ги користат податоците од децата без согласност од родителите.

Вработените во Интернационалниот институт за компјутерски науки користеа нов автоматски систем кој требаше да одреди дали Android апликациите работеле во согласност со правилата на COPPA (Children’s Online Privacy Protection Act).

„Иако не можеме да ја знаеме точната бројка на апликации на Play Store чија таргет-група се деца, сепак веруваме дека нашите резултати ја даваат точната слика со оглед на тоа дека оние кои беа дел од истражувањето беа помеѓу најпопуларните бесплатни апликации“, се вели во истражувањето.

Преку 3.000 Android апликации ги прекршуваа правилата на фер-користење, но најзагрижувачки се бројките од дури 256 апликации кои постојано го следеле движењето на децата без претходна дозвола од родителите. Помеѓу другите податоци кои биле злоупотребени се најдоа и e-mail адреси, имиња од социјални мрежи и телефонски броеви.

Истражувањето беше направено откако многу родители покажаа загриженост за приватноста и безбедноста на податоците на нивните деца и семејства, обвинувајќи го YouTube дека директно профитира од личните податоци на децата.

Извор:https://kajgana.com/gik