Ердоган: Во Турција од странство донесовме 80 терористи на ФЕТО

во категорија Свет од

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција досега од странство донела вкупно 80 припадници на терористичката организација ФЕТО и најави продолжување на решителната борба против таа организација, одговорна за обидот за државен удар во јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние ќе ги фатиме и сите останати, вклучувајќи го и нивниот водач во Пенсилванија“, порача Ердоган во своето обраќање пред илјадници граѓани кои го поздравија по пристигнувањето на регионалниот Конгрес на Партијата на правдата и развојот (АК Parti) во подрачјето на Малтепе, Истанбул.

Минатата недела, турската разузнавачка служба (MIT) уапси и во Турција донесе тројца припадници на ФЕТО од Габон, а претходно шестмина истакнати членови на таа терористичка организација беа фатени во Косово и префрлени во Турција.

Во обраќањето на регионалниот Конгрес на АК Партијата, Ердоган исто така рече дека Турција ја продолжува одлучната борба против сите терористички организации во земјата и во регионот.

„Од почетокот на операцијата Маслинова гранка во подрачјето на сирискиот Африн неутрализирани се вкупно 4.163 терористи. Во северен Ирак неутраизирани се 337, а во Турција уште 190 терористи. Нема да запреме, продолжуваме понатаму. Терористите ќе бегаат, а ние ќе ги фаќаме“, рече Ердоган.

Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.

Воените операции во пограничните подрачја на Ирак и Сирија се базираат на правото на Турција засновано на меѓунароното право за самоодбрана и резолуциите на Обединетите нации (ОН) кои се однесуваат на борбата пртив тероризмот.

Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терористичките закани.


Извор:http://aa.com.tr/mk/