Дугари без поштеда: ПСЖ не смее да му го прости ова на Нејмар, со последниот потег го плукна клубот!

во категорија Спорт од

dugari-nejmar

ПСЖ вчера го декласираше Монако во големото француско дерби со 7:1, а високата и преубедлива победа од друга страна значеше дека тимот на Унаи Емери го детронизираше клубот од кнежевството во француското првенство, бидејќи „светците“ веќе и математички ја осигураа титулата во Лига 1.

Фудбалерите на ПСЖ беа доста еуфорични бидејќи уште од претходно се знаеше дека на овој меч може да ја потврдат титулата, но навистина изненадувачки беше тоа што дел во славеничката атмосфера на „Паркот на принцовите“ не беше првата ѕвезда на тимот, Нејмар.

Бразилецот одлучи да остане во својата родна земја и да не се појави на „Паркот на принцовите“, а тоа воопшто не му се допадна на Кристоф Дугари.

– Како е можно Нејмар да не биде на стадиоот на натпрварот кој им ја носи титулата? Како може да му се додели етикетата на лидер кога не доаѓа да ја сподели радоста со соиграчите? Како е можно ПСЖ да прифати вакво нешто? Како ќе може да ги погледне соиграчите во лице после ова?  Со овој потег, Нејмар го плука клубот, ова е вистински срам. Ако беше играч на Барселона, без проблеми ќе се вратеше. Не можам да ги поднесам ваквите фудбалери. Колективот е оној кој ги победува натпреварите, никогаш поединецот. Со вакво однесување, ПСЖ никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите, – брутално распалува поранешниот француски фудбалер во својата програма на радиот „РМЦ“.

Извор:https://derbi.mk/