Две патарини на делница од 28 километри

во категорија Eкономија од

На новиот автопат од Демир Капија до Смоквица, кој што треба да биде пуштен во употреба до крајот на месецот, ќе има две патарини. На стариот пат во овој дел досега немаше ниту еден наплатен пункт.

Тоа значи дека за 28 километри ќе има две плаќања, односно од Скопје до Гевгелија ќе имаме дури пет патарини.

Но, граѓаните годинава кога ќе патуваат кон Грција ќе бидат поштедени од плаќање на новите две патарини. Тие се очекува да бидат изградени до крајот на годинава, додека самата делница ќе биде пуштена наскоро.

Плаќањето на новите патарини ќе се реализира од 2019-та.

„Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци… Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија….Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој“, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Извор: https://faktor.mk/