Две исчезнати лица најдени мртви во ист ден: Едното момче имало 24 години, трагедија во Србија

во категорија Регион од

Две безживотни тела на две лица пријавени за исчезнати скршија две семејства во Белград денеска. 

Српскиот Блиц информира дека 24-годишниот Стефан Максимовиќ кој бил пријавен за исчезнат, извлечен е од Сава, додека по него полицијата извлекла и тело од Дунав, на неидентификуван маж.

Со обдукцијата и идентификацијата се покажало дека и тој е маж кој бил пријавен за исчезнат.

Инаку, ранецот и алиштата на Стефан биле пронајдени на обалата. Тој дента кога исчезнал рекол дека ќе трча. Потоа, му се губи секоја трага.

 

Извор http://press24.mk/