Двејн Џонсон повторно владее со боксофисот

во категорија Култура од

Овој викенд светската премиера ја доживеа новиот филм на Двејн Џонсон, „Rampage“. Како што е случајот со скоро секој негов филм, „Rampage“ уште во првиот викенд го освои светскиот боксофис, заработувајќи повеќе од конкуренцијата.

Акционата авантура „Rampage“ го симна од врвот на светскиот боксофис хоророт „A Quiet Place“, заработувајќи 34,5 милиони американски долари.

Двејн Џонсон уште еднаш се покажа како огромна филмска ѕвезда, успевајќи да привлече гледачи да гледаат филм за кого повеќето воопшто не беа заинтересирани. Холивуд од поодамна го пронајде рецептот за сигурен успех на боксофисот, а во него има само една состојка – Двејн „The Rock“ Џонсон.

Уште еден новитет се најде блиску до самиот врв на листата на филмови со најголема заработка. Хоророт „Truth or Dare“ беше остро осуден од критичарите дека е еден од најлошите филмови годинава, но сепак успеа да заработи повеќе од доволно за неколкупати да си го отплати буџетот од само 3,5 милиони американски долари.

Топ 10 филмови со најголема заработка викендов:

  1. Rampage – 34,5 милиони долари
  2. A Quiet Place – 32,6 милиони
  3. Truth or Dare – 19 милиони
  4. Ready Player One – 11,2 милиони
  5. Blockers – 10,2 милиони
  6. Black Panther – 5,4 милиони
  7. Isle of Dogs – 5 милиони
  8. I Can Only Imagine – 3,8 милиони
  9. Tyler Perry’s Acrimony – 3,7 милиони
  10. Chappaquiddick – 3 милиони

Извор:https://kajgana.com/