Дали постои доволна казна: Татко ја терал својата 10 годишна ќерка на орален секс

во категорија Регион од

46 годишен маж со иницијали Ј.Ш. од Сремска Каменица е уапсен поради сомнение дека и напакостил на својата 10 годишна ќерка. Ова дело е квалификувано како обљуба, а на мажот му е одреден 30 дневен притвор. Според Кривичниот законик на Србија, на Ј.Ш. му се заканува казна затвор од една до осум години. Според мислењето на адвокати и психолози тоа е малку, со оглед на траумата која детето ќе ја има цел живот.

Таткото е осомничен дека во минатите две години во куќата во Сремска Каменица го терал девојчето орално да го задоволува. Наводно и се заканувал дека ќе ја истепа доколку не го прави она што тој го бара. И после таквото злоставување најголемата казна која може да ја добие е осум години.

Според она што неофицијално се дознава, девојчето од куќата во Сремска Каменица пред десетина дена ја одвеле службениците од Центарот за социјална работа во Нови Сад. Се претпоставува дека сестрите сега се сместени во Сигурна детска куќа.

-Казните, пред се би требало да бидат такви на луѓето никогаш да не им падне на памет да направат такво нешто, вели школскиот психолог Бранка Тишма.

Таа зборуваше и за состојбата на детето.

-А што се однесува до детето, нејзиното понатамошно растење најмногу ќе зависи од тоа во какво опкружување ќе се наоѓа и како ќе се постават оние кои и се најблиски. Дали за тоа ќе се зборува во училиште, како ќе се постави нејзината мајка. Нејзините психолошки рани би можеле брзо да зараснат ако луѓето не ја покажуваат со прст и ако не би ја оговарале, додава Тишма.

Вели и дека средината би морала да знае што треба да каже на дете кое преживеало злоставување, а што би требало да се премолчи.

Според српскиот Кривичен законик, кај обљубата или противправниот блуд треба да се обрати внимание на тоа дека секој сексуален однос со дете помладо од 14 години е кривично дело.

извор: http://sitel.com.mk/