Во воздушни напади на турските сили убиен баран терорист на ПКК

во категорија Свет од

АНКАРА (АА) – Висок припадник на терористичката организација ПКК е убиен за време на воздушните напади на Турската армија во северен Ирак на 21 март, пренесува Anadolu Agency (AA).

Tурскиот Генералштаб соопшти дека во воздушните напади во регионот на Хакурк-Кани Раш е убиен терористот Бирдал Бурханли, со кодното име Агири Мазлум Пирдоган, кој се наоѓа на црвената листа на барани терористи.

Во соопштението се додава дека Пирдоган бил во црвената категорија на списокот на барани терористи на Министерството за внатрешни работи на Турција; листата е поделена на пет категории, црвена во која влегуваат најбараните терористи, потоа сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.

Со својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе.


Извор:http://aa.com.tr/mk/