Видиќ „распали“ по актуелниот тим на Јунајтед: Ние не ја ни славевме титулата во ЛШ!

во категорија Спорт од

vidic-slusalki

Манчестер Јунајтед одигра катастрофален натпревар против „фенерџијата“ на табелата и на тој начин му дозволи на Манчестер Сити предвреме да се израдува на титулата во Премиер лигата, а за несреќа, токму на овој меч во студиото на „Скај Спортс“ специјален гостин беше поранешниот столб во одбраната на „ѓаволите“, Немања Видиќ.

Поранешниот српски стопер не го криеше разочарувањето од тоа што го виде вчера на „Олд Трафорд“ и го окрактеризира актуелниот тим на Јунајтед како состав полн со ѕвезди кој едноставно нема тимски дух, а во обидот да илустрира која е разликата меѓу овој тим и оној со кој тој ја освои Лигата на шампионите во 2008-та година.

– Јунајтед поседува добар тим, има добри играчи, но овие играчи понекогаш покажуваат дека немаа страст, дека им недостасува енергија. Не трчаат повеќе од другиот тим. Не се движеа добро без топка, не се доволно брзи. Тажно е да се види како Јунајтед губи на домашен терен од ВБА, тим кој победи само на три меча цела сезона. Ова сигурно боли, изгледа како играчите да имаат некој ментален проблем, – вели Видиќ кој ексклузивно открива дека тој и неговите поранешни соиграчи од Јунајтед не се израдувале доволно на титулата во Лигата на шампионите поради тоа што среќно го победија Челси во пенал рулетот.

– Кога играте за Манчестер Јунајтед, неприфатливо е да играте нерешено или да изгубите. Секогаш има големи очекувања. Ние ја освоивме Лигата на шапионите и речиси не славевме. Имавме само два часа славење, заминавме на одмор, а Ферги мислеше само едно. Кого ќе доведам наредната сезона за да бидеме подобри и поконкурентни, – открива Србинот

 

 

 

Извор:https://derbi.mk/