Видео: „Огнена“ свадба во Дубровник – палеле ракети и гуми, пожарникарите интервенирале

во категорија Регион од

Свадба во Дубровник предивикала загриженост кај населението, а сватовите им отвориле работа и на пожарникарите. Имено, ситуацијата излегла од контрола бидејќи сватовите застанале на една улица и палеле гуми, а потоа почнале да палат и ракети.

Противпожарната единица на Дубровник добила повици од граѓани кои стравувале од пожар кога виделе огромен чад на својата улица, и излегле на терен.


Како што јави Dubrovački Dnevnik, немало потреба за интервенција, а сватовите набргу потоа го напуштиле тоа подрачје.

Извор http://press24.mk/