Вечерва премиера на претставата „Егзистирање“ на Скопје танцов театар

во категорија Култура од

Претставата се состои од три кратки кореографии: „What happened to…self? на Јкуб Мунко, „БЕЗ Стоп“ на Матеа Киселичка и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин.

– Трите кореографии се обединети околу темата на егзистирање и кои се предизвиците денес, посебно за младите луѓе: Кој си, што си, како се снаоѓаш во секoјдневните гужви, притисоци? Каде си?, соопшти „Танц фест“. 

Ќе настапат танчарите Јована Зајкова, Сара Цветковска, како и Тереза Лазарев. Артемиса Морина и Бобан Русески  кои се подмладокот на Скопје танцовиот театар.

Оваа претстава на 16 април ќе се одигра и на сцената на Народниот театар во Велес, а на 19 април ќе ја отвори платформата на девет европски танцови академии и универзитети насловена „Share“, во која ќе учествуваат повеќе од сто млади уметници од Австрија, Словачка, Полска, Летонија, Литванија, Унгарија, Чешка и од Македонија.

Извор:/www.mkd.mk/