Вест Хем и Стоук ремизираа, Линекер го потенцираше најинтересниот факт за средбата (Видео)

во категорија Спорт од

Kerol1

Вест Хем и Стоук играа важен натпревар за опстанок во Премиер лигата, но на крајот мораа да прифатат освојување по еден бод, што дефинитивно беше подобро сценарио за домаќините.

Резултатот го отвори Питер Крауч во 79. минута, со што го постигна 44. премиерлигашки гол во дресот на Стоук и стана најдобар стрелец во елитното натпреварување во историјата на оваа екипа.

На одговорот се чекаше до 90. минута кога резервистот Енди Керол успеа со убав погодок да ги постави конечните 1:1.
Легендарниот Гери Линекер предизвика интересна дебата на социјалните мрежи, откако го потенцираше фактот дека „двајцата највисоки фудбалери“ (Крауч 201 см-Керол 193 см) во историјата на овој спорт постигнале гол на ист натпревар.
Секако, Крауч и Керол не се двајцата највисоки фудбалери во историјата, ниту пак во Премиер лигата, за што Линекер доби и многу корекции од фановите во коментарите на неговиот твит.

Извор:https://derbi.mk/