Батшуаји се огласи по страшната повреда против Шалке (Фото)

во категорија Спорт од

batshuaji

Играчот на Челси кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд, Мичи Батшуаји ќе го пропушти остатокот од сезоната, а ќе биде неизвесен и за Светското првенство по страшната повреда на првенствениот натпревар против Шалке 04.

Белгискиот интернационалец кој постигна девет погодоци на 14 средби за Борусија Дортмунд беше однесен во болница на детални прегледи поради стравување од скршеница на скочниот зглоб.  Сепак, иако нема скршеница, снимките покажале дека се работи за сериозно оштетување на лигаментите на неговиот зглоб, што значи дека Батшуаји се соочува со „трка со времето“ за да закрепне пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Младиот напаѓач се огласи преку Твитер со порака преку која испрати благодарност до сите кои му дале поддршка.

– Па, ова не се добри вести засега, мојата сезона веројатно е готова и нема да можам да продолжам да играм за Борусија Дортмунд. Ви благодарам за големата количина на љубов која ми ја дадовте од вчера. Им посакувам на моите соиграчи се најдобро во последните денови од сезоната. Се гледаме наскоро- напиша Батшуаји на Твитер.

Извор:https://derbi.mk/