Атина бара сложено име во Уставот, Ѕанакопулос отфрла име само за надворешна употреба

во категорија Македонија од

Официјална Атина со спротивен став денеска одговори на позицијата на македонскиот премиер Зоран Заев дека се залага за компромисно решение за името на Македонија за надворешна употреба, но не и за внатрешна.

„Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја“, рече денеска портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашањето дали Грција би прифатила име што би било само за меѓународна употреба.

– По дефиниција тоа е невозможно. За да постои заемно прифатливо решение во конкретното прашање, неопходна е уставна ревизија и прифаќање од страна на Поранешната југословенска Република Македонија, како уставно име на новото сложено име што ќе се договори, изјави Ѕанакопулос.

За договорот да биде фер треба да се исполнат двата услови што ги поставува Атина – прво сложено име и второ ерга омнес, што значи и уставна ревизија.

Извор: https://tv21.tv/mk