Шарлиз Терон се плаши за безбедноста на своите деца во Америка

во категорија Култура од

Шарлиз Терон размислува да го напушти Холивуд, а причината за тоа е безбедноста на нејзините две деца.

Актерката родум од Јужна Африка која има посвоено две деца од Африка вели дека животот во изминатата година откако Доналд Трамп стана претседател на САД ѝ бил прилично тежок.

„Расизмот е жив и активен, многу повеќе отколку што луѓето можат да си замислат“, изјави „Атомската русокоса“ во интервју за списанието „Ел“.

„Тоа веќе не смееме да го негираме. Мора да бидеме јасни и гласни. Има места во земјава каде доколку би добила понуда да работам не би ја прифатила. Има места во САД каде никогаш не би патувала со моите деца, а тоа е вистински проблем“, вели таа.

„Многу пати сум ги погледнала моите деца и сум си рекла дека ако ова продолжи вака ќе морам да ја напуштам земјата. Последното нешто што сакам во животот е моите деца да не се чувствуваат безбедно“, истакна Терон.

Извор:https://kajgana.com/