Шампионот тргна фуриозно, Њу Орлеанс први до гостинска победа и брејк (Видео)

во категорија Спорт од


Во НБА лигата започнаа вистинските возбудувања, односно разигрувањето и борбата во плејофот каде на крајот само еден состав ќе може да го крене „Лери О’Брајан“ трофејот.

Шампионот Голден Стејт Вориорс на фуриозен начин ја стартуваше одбрана на титулата, го среди Сан Антонио Спарс со 113-92 и поведе со 1-0 во серијата. Томпсон со 27 и Дурент со 24 поени беа наејфикасни, а Грин беше на чекор од трипл-дабл со учинок од 12 поени, 11 асистенции и 8 скокови.

Кај Спарс резервистите Геј и Форбс искомбинираа 29 кошеви, Олдриџ пак потфрли и реализираше само 14 поени.

Предноста на домашниот терен ја искористија Торонто и Филаделфија кои славеа над Вашингтон и Мајами Хит, додека единствената гостинска победа ја однесоа кошаркарите на Њу Орлеанс кои го освоија Портланд со 97-95.

Најзаслужен за првиот брејк во овогодинешниот плејоф беше Дејвис кој „испука“ дабл-дабл од 35 поени и 14 скокови со тоа што одлична поддршка во триумфот имаше од Миротиќ (16 поени и 11 скокови) и Холидеј (21 поен, 7 скокови). Пеликаните исто така одиграа одлична одбрана врз бековското дуо на Портланд, Лилард и МекКаулум кое реализираше заедно 37 поени, па затоа сега ја преземаа контролата и водството во оваа пресметка.

Резултати:

Голден Стејт-Сан Антонио 113-92

Филаделија-Мајами 130-103

Портланд-Њу Орлеанс 95-97

Торонто-Вашингтон 114-106

Извор:https://derbi.mk/