Чавушоглу: Сирија мораме да ја спасиме од режимот

во категорија Свет од

АНТАЛИЈА (АА) – Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, зборувајќи за воената интервенција во Сирија, рече дека е неопходно да се премине на политичкиот процес во Сирија и да се спаси оваа земја од тамошниот режим, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу престојуваше во јужниот турски град Анталија, а во таа пригода се осврна на интервенцијата на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, каде што утрово беа бомбардирани неколку позиции на режимот на Асад, а се работи за капацитети на хемиско вооружување во Сирија.

„Во Сирија мораме да преминеме на политички процес. Сирија мораме да ја спасиме од режимот“, порача Чавушоглу, и додаде:

„Ова е операција против режимот кој користи хемиско оружје. Требаше да се интервенира многу порано.“

Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.


Извор:http://aa.com.tr/mk/