Фетел откри што му порачал на Ферстапен по трката во Шангај

во категорија Спорт од

fetel-maks

Макс Ферстапен ја прифати вината за инцидентот кој го предизвика на патеката во Шангај и призна дека направил почетничка грешка во моментите кога го удри Себастијан Фетел кој беше пред него во тие моменти, но ако во минатото Германецот реагираше многу бурно на ваквите испади кои ги имаше талентираниот возач, мора да се напомене дека сега беше далеку поприбран.

И покрај тоа што му ја уништи трката во Кина, штетата за Фетел беше далеку помала бидејќи Хамилтон го освои само четвртото место, а навистина интересна беше ситуацијата кога по крајот на трката професионална коверзација имаа токму Себастијан и младиот Макс.

– Макс повеќе не е млад како порано, но ова може да ви се случи и кога имате 300 трки зад воланот. Сепак, ваквите работи мора да ги имате во главата и да се обидете да се воздржите од судир. И двајцата имавме многу среќа. При разговорот, му порачав дека трките се многу долги и дека денеска го фрли во вода подиумот кој ги имаше во своите раце. Имаше многу среќа што ја продолжи трката, а исто така и јас. Мислам дека сфати што направи, беше збунет и сфати дека направи збрка беспотребно, – истакна Фетел.

Извор:https://derbi.mk/