Улични занаети за опстанок, мала заработка но доволна за многу семејства

во категорија Македонија од

Дејан Котески 10 години изработува филигран. Вели дека тоа го прави со многу љубов, но и со обврска за да издржува семејството. За само две –три минути од метална жица направи ѓердан. Во зависност од желбата на купувачите, на него може за кусо време да испише име, или друга порака.

Петар Благоевски исто така се занимава со рачни изработки на Скопскиот плоштад. Прави  чанти од трска, занает што го научил пред 40 години од неговиот дедо. Вели дека има многу купувачи, затоа што долго време такви производи немаше на пазарот.

Благоевски додава дека работата му е малку деликатна но дека заработката е корисно дополнување на семејниот буџет. Додека разговаравме со него продаде 4 чанти.

Една од чантите купи туристка дојдена од Данска. Рече дека за таа цена, производот е сосема исплатлив.

Креативноста нема крај. Така велат занаетчиите кои парчето леб го заработуваат од рачни изработки. За нив се заинтересирани главно туристите, но велат дека има и домашни купувачи. Понекогаш ги брка полиција, но до сега не се соочиле со посериозна пречка поради која би требало да ја прекинат дејноста. Уверуваат дека тоа што го прават е корисна работа.

Сара Кајоли

Извор: https://tv21.tv/mk