Тоти: Рома не е „бонбона“, се ежам секогаш кога…

во категорија Спорт од

fergi-toti

Легендата на Рома и сегашен функционер во оваа екипа, Франческо Тоти се отвори и призна колку му е драг триумфот на „волчицата“ над Барселона во Лигата на шампионите.

Клубот од италијанската престолнина го загуби првиот меч со 4-1 за да на реваншот на „Олимпико“ се случи вистинска експлозија и со 3-0 го понижат и нокаутираат шпанскиот великан.

-Сите мислеа дека сме готови и дека втората средба е залудна вежба. Кога ждрепката заврши, Барселона изгледаше среќно што не одбра, нивните локални весници дури не нарекоа „бонбона“. Првата средба беше онако како што 90 проценти од луѓето очекуваа, но за среќа овие битки траат 180 минути. Секогаш се ежам кога ќе ги погледнам видеата од таа вечер. Тоа беше незаборавен меч, -рече Тоти.

Извор:https://derbi.mk/