„Топчиите“ не знаат да „пукаат“ надвор од „Емирејтс“: Арсенал на колена и пред Њукасл (Видео)

во категорија Спорт од

rici

Екипата на Арсенал ја продолжи својата катастрофална резултатска серија во Премиер лигата кога се во прашање натпреварите на гостински терен и доживеа пораз од Њукасл со 2-1.

Ова за „топчиите“ беше петти пораз во низа на гостински терен, односно четата на Венгер и понатаму е без славје надвор од „Емиријетс“ во 2018 година. Составот од Северен Лондон денеска поведе преку Лаказет во 14 минута, но домаќините беа упорни и со головите на Перез и Ричи успеаа да направат комплетен пресврт, а со тоа се чини и да го потврдат опстанокот во лигата.

Њукасл со 41 бод е 10 на табелата, Арсенал пак со 54 поени е шести со никави шанси преку Премиер лигата да обезбеди пласман во ЛШ или поточно тоа единствено ќе може да го изведе преку триумф во Лига Европа.

Извор:https://derbi.mk/