Сообраќајка во Ѓорче Петров, повредено дете

во категорија Македонија од

Во сообраќајка што се случила вечерва во 19:13 часот на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е повредено дете на возраст од околу десет години, потврди МВР за МИА.

Случајот е пријавен во Единицата за информации и команда на Град Скопје.

Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Полицијата е на тарен и во тек е увидот.

Извор: https://tv21.tv/mk