Скопје 2014, нема одлука за понатамошната судбина на спомениците

во категорија Македонија од

Отстранувањето на споменикот Андон Ќосето останува единствениот од проектот Скопје 2014, кој беше отстранет со одлука на Владата. Досега за ниту еден од спомениците, статуите или објектите нема владина одлука за повлекување или дислоцирање, иако Комисијата на Министерството за култура која се занимава со разгледувањето на проектот “Скопје 2014” одамна му ги достави препораките на министерот Алаѓозовски, во кои се бара дислоцирање на Александар Велики, Филип Втори, Мајка Тереза, Порта Македонија, групата од 32 скулптури, сувенирите со мотиви од проектот Скопје 2014 и други.

Вчера, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ рече дека ќе се направи дислоцирање на многу објекти кои се наоѓаат на територијата на оваа општина, без да се открие кој ќе биде следниот објект. Во текот на февруари, Град Скопје го отстрани споменикот на Андон Јанев Ќосето поставен пред Врховниот суд во Скопје, по одлуката на Градежниот инспекторат на Општина Центар, кој утврди неколку законски прекршоци за време на неговото поставување. Општина Сопиште побара споменикот да биде ставен на негова територија, но тоа го одби градоначалникот на Скопје, Шилегов, кој изјави дека тој не може ниту да се даде ниту да се земе без да се завршат судските постапки што се покренати, кои се однесуваат на здружението кое го донираше овој споменик и фирмата која го работеше.

Вјолца Алити

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk