СИРИЈА ВЕЧЕРВА: Голема експлозија во Иранската воена база во Алепо

во категорија Свет од

Според непотврдени информации непознати борбени авиони ја бомбардирале иранската воена база во Сирија. Според очевидци, во базата одекнале повеќекратни експлозии.

Мета на воздушниот напад била базата Џабал Азан во Јужно Алепо, најголемиот воен објект на Иран во Сирија.

Сириските медиуми објавија дека биле нападнати од израелски авиони оваа вечер.

Сириската опсерваторија за човекови права, воен монитор стациониран во Британија, објави дека имало експлозија, но рече дека причината е непозната.

Медиумите поврзани со Хезболах подоцна тврдеа дека немало воздушен напад, обвинувајќи дека експлозиите се детонации во еден магацин.

Минатата недела Русија го обвини Израел за напад врз сириската база каде загинаа најмалку 12 лица.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионите Ф-15 извршиле штрајкови од либанскиот воздушен простор.

 Извор: експрес.ук

Фото: архива/Кобани

Извор: http://vecer.mk/