Сеир на социјалните мрежи: Обамејанг извиси по крајот на мечот во обидот да им честита на противниците (Видео)

во категорија Спорт од

oba-new

Њукасл направи голем чекор кон опстанокот во Премиер лигата откако денеска на домашен терен го совлада Арсенал со 2:1, резултат кој на големо се прослави на трибините на „Ст. Џејмс парк“, но и долу на теренот меѓу домашните играчи.

Херои во пресвртот на Њукасл беша Ајозе и Ричи кои ги постигнаа двата гола по оној на Лаказет за водство на Арсенал, а од прославата на теренот ни дојде и една необична и комична ситуација која стана предмет за потсмев на социјалните мрежи.

Обамејанг имаше намера да им честита на противниците за добро завршената работа, но сепак извиси во ситуација кога мислеше дека Ричи му подава рака нему, а овој всушност еуфорично се поздрави со својот соиграч Перез кој претходно се ракуваше со Габонецот.

Извор:https://derbi.mk/