Санкционирани над 80 возила за непрописно паркирање во Центар

во категорија Македонија од

 Сообраќајната полиција и „пајак службите“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар и ЈП Градски Паркинг во текот на изминатиот ден санкционирале над 80 непрописно паркирани возила.

– За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ, СВР Скопје и ЈП Градски Паркинг во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно паркирани автомобили во општина Центар. Акцијата ќе трае се додека не се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и безбедноста во сообраќајот, велат од ПОЦ.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Извор: https://tv21.tv/mk