Руски функционер: САД, Британија и Франција сакаат доминација над светот

во категорија Свет од

Трите западни земји, САД, Франција и Велика Британија го следат курсот кој води кон комплетна политичка доминација над остатокот од светот. Ова го изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Курсот на западната тројка е очигледен. Тоа е курс на комплетна и безусловна политичка доминација над сите останати. Тие ја отфрлаат секоја разумна алтернатива. Поради нив луѓето почнуваат да ги повторуваат нивните тврдења, политички инсинуации и навлегуваат во празна и плитка реторика“, изјави тој за ТАСС.

Според Рјабков, иницијативните кои доаѓаат од овие три земји, честопати не се во согласност со меѓународното право и го попречуваат решавањето на сириската криза.

„Очигледно е дека сакаат да наметнат друга, апсолутно неправилна политичка шема, со цел промена на владата во Дамаск“, рече Рјабков.

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/