Путин: Нови ракетни удари врз Сирија предизвикале хаос во меѓународните односи

во категорија Свет од

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека евентуални нови ракетни удари на Сирија би довеле до хаос во меѓународните односи.

Путин ова го изјавил разговарајќи со иранскиот претседател Хасан Рохани, соопшти прес-службата на Кремљ.

Како што се наведува, Путин и Рохани ги размениле ставовите за ситуацијата по ракетните удари врз Сирија, кои ги изведоа САД и нивните сојузници.

Двајцата лидери се согласиле дека ваква илегална акција негативно влијае на шансите за изнаоѓање на политичко решение во Сирија.

 

извор: Makfax

Извор: http://vecer.mk/