Протести во Охрид за прекин на преговорите за името со Грција

во категорија Македонија од

Група граѓани од Охрид денеска на градскиот плоштад одржаа трет протест по ред, организиран од граѓанската иницијатива „Македонија пред сè“.

Тие повторно протестираа како што велат против злоупотреба на државните институции од власта на штета на народот и државата.

Нивните барања се да се повлече законот за употреба на јазиците, да се поништи договорот со Бугарија, да се прекинат преговорите за името и да се ослободат притворените за насилството во Собранието на РМ минатата година.

Извор: https://tv21.tv/mk