Пендаровски: НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за Македонија

во категорија Македонија од

После сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Јас мислам дека сме поблиски. Јас сум еден од тие славни учесници на тој неславен самит во 2008 и отприлика ја знам атмосферата која владееше и внатре во македонската делегација и од аспект на човек кој тогаш беше вработен во Кабинетот на Претседателот на Македонија и беше блиску до главниот спор кој и тогаш и сега нè носи или нè одалечува од Алијансата. Мислам дека и внатре атмосферата е поинаква и надворешно земено, клучните фактори имаат поголеми очекувања од тоа дека може да се изроди нешто позитивно од преговарачкиот процес.,….Секоја одговорна политика мора да има и алтернативни планови. И со оглед на тоа дека станува збор за стратешка цел која е дефинирана не само од ова сега владејачко мнозинство, туку практично од сите релевантни партии наназад 25 години, од сите нив е дефинирана како стратешка цел, едната е нели НАТО, другата е ЕУ. Јас мислам дека ние до утре може да разговараме за алтернативи, меѓутоа подобра варијанта од оваа двојна интегративна агенда нема да најдеме. Јас не гледам подобра варијанта за Република Македонија, пред сè од нејзината кохезија како општество, со оглед на хетерогеноста на населението кое живее во ова земја, со оглед на потенцијалите за економски просперитет и развој кога би биле во тие меѓународни организации кои ги споменав. Значи алтернативата е да се продолжи да се преговара. Ние преговараме од 1993 година, значи четврт век, прашањето да беше едноставно ќе беше решено уште многу одамна. Тука има и многу странични прашања кои се поврзани со ова главно прашање, не е само една реченица, потпиши и после да не те боли главата, така што јас навистина не можам да видам, не затоа што сум дел од ова политичко или парламентарно мнозинство или од оваа власт, која ова го има кренато на највисоко можно ниво како практично апсолутен политички приоритет број 1 и број 2, значи ЕУ и НАТО, туку генерално и кога не сум бил во власта, кога сум бил во опозиција, и како професор и како граѓанин на оваа земја, навистина не можам да видам, после сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија и особено специфичен регион, и од безбедносен аспект ако сакате, со едно прилично нестабилно опкружување години наназад, вели Пендаровски за РСЕ.

Извор: https://tv21.tv/mk