Пендаровски: НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива 

во категорија Македонија од

“Јас мислам дека сме поблиски. Јас сум еден од тие славни учесници на тој неславен самит во 2008 и отприлика ја знам атмосферата која владееше и внатре во македонската делегација и од аспект на човек кој тогаш беше вработен во Кабинетот на Претседателот на Македонија и беше блиску до главниот спор кој и тогаш и сега нè носи или нè одалечува од Алијансата. Мислам дека и внатре атмосферата е поинаква и надворешно земено, клучните фактори имаат поголеми очекувања од тоа дека може да се изроди нешто позитивно од преговарачкиот процес”, изјави Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО

Запрашан за алтернативните планови на Македонија доколку не се реши спорот со името, Пендароски вели дека НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за развој на Република Македонија.

“Секоја одговорна политика мора да има и алтернативни планови. И со оглед на тоа дека станува збор за стратешка цел која е дефинирана не само од ова сега владејачко мнозинство, туку практично од сите релевантни партии наназад 25 години, од сите нив е дефинирана како стратешка цел, едната е нели НАТО, другата е ЕУ. Значи алтернативата е да се продолжи да се преговара. Ние преговараме од 1993 година, значи четврт век, прашањето да беше едноставно ќе беше решено уште многу одамна”, вели Пендароски

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk