Откако дојде на чекор до славјето: Пеп објасни зошто Премиер лигата е потешка за освојување од Примера и Бундеслигата

во категорија Спорт од

pep-baknuva

Манчестер Сити успеа да слави на гостувањето на „Вембли“ со 1:3 во дербито со Тотенхем, а со самото тоа, дојде на само еден чекор од математичко осигурување на титулата во Премиер лигата.

На тимот од „Итихад“ потребна му е само една победа за да стигне до нова титула во домашното првнество, но славјето може да започне и ова коло, но само ако Манчестер Јунајтед загуби од Вест Бромвич Албион. Ваквото сценарио е навистина тешко за остварување, но уште потешко е да се верува дека Сити нема да ја осигура титула наредниот викенд кога на домашен терен ќе игра против Свонси. Поради ова, Пеп веќе почна да зборува за трофејот како веќе да го има во своите раце, па на англиските новинари им објасни зошто овој успех го смета за еден од најголемите во својата кариера.

– Потешко е да се освои Премиер рлигата од Бундеслигата и Ла Лига. Потешко е поради климатските услови, стадионите на кои се игра и пред се поради бројот на натпревари без одмор. Сега, очекуваме да победиме наредната недела и ако го направиме тоа, ќе го паметиме тој момент до крајот на животот. Тоа ќе биде еден од најголмите и најважни успеси во мојата кариера, – јасно потенцира Пеп.

 

Извор:https://derbi.mk/