Не е ниту Де Хеа, ниту Нојер: Симеоне го посочи најдобриот голман на светот

во категорија Спорт од


Аргентискиот стратег на кормилото на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне посочи кој голман според него е најдобар на светот.

Многумина сметаа дека без конкуренција број еден е Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед, некои својот глас би му го дале на подзаборавениот во овој момент Мануел Нојер кој сезонава се мачи со повреди, а сигурно во потесниот круг би влегле Тибо Куртоа, Марк Андре Тер Штеген, Едерсон, Јан Облак…

Токму за последниов, Симеоне смета дека сега е најдобриот на планетава.

-Јан е најдобриот голман на светот. Атлетико работи на тоа да ги донесе најдобрите играчи, сакаме играчи кои можат да го подигнат нивото на клубот и се надевам Јан ќе остане со нас долго време. Има уште неколку години од договорот и секој клуб има топ голмани, -истакна Чоло.

Извор:https://derbi.mk/