Мурињо откри која е единствената работа што ја бара од Погба

во категорија Спорт од

pogba-murinjo

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека побарал од Погба поголема конзистентност и стабилност во неговите настапи.

Оваа сезона Французинот прикажуваше доста променливи партии, а Мурињо во неколку наврати и го седна на клупата. Сепак, Погба беше фантастичен во дербито за Манчестер минатиот викенд, постигнувајќи два погодоци со што му помогна на тимот да дојде до голема победа.

-Ќе ви кажам што му кажав на Погба по натпреварот со Сити, ова беа точните зборови што му ги реков: „Не очекувам од тебе да бидеш играч на натпреварот секоја недела, не очекувам од тебе да постигнуваш по два голови секоја недела. Очекувам од тебе да си постојан на едно високо ниво.“

-Па доколку ме прашате дали очекувам од него да е играч на натпреварот секоја недела, не очекувам. Но, очекувам од Пол и мислам дека тоа е предизвик кој треба да си го постави пред себе, да продолжи со сигурност и стабилност, и да нема добри натпревари, не толку добри натпревари и лоши натпревари. Треба да го задржи тоа ниво на стабилност и сигурност и од таа стабилност секако дека ќе произлезе специјален натпревар со специјални перформанси, како што беше против Сити- заклучи Мурињо.

Извор:https://derbi.mk/