Миновски: Мицкоски склучувал договори во четири очи

во категорија Македонија од

Директорот на државната ЕЛЕМ обвини дека, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додека бил директор на оваа институција потпишувал во четири очи договори за ископ на јаловина во РЕК Битола. Во непосредна спогодба потпишал два договори со фирмите „Пелистер“ и „Марковски во вредност од над 10 милиони евра. Токму овие договори биле предмет на внатрешна ревизија. Реакцијата на ЕЛЕМ следува откако опозицијата обвини дека битолската фирма „Пелистер“ е блиска до СДСМ и добила тенедер поради променети услови во спецификацијата.

„Споредбено по гига џул „Пелистер“ во моментов копа по 87,8 денари за гига џул додека во времето на Мицковски, „Пелистер“ копал по 96 денари за гига џул а „Марковски“ по 90 денари за гига џул. Ова е одговорот на нивните прозивки за цента по која сега се врши ископ во РЕК Битола. Еве какви договори во непосредна спогодба склучил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и партијата која сега го прозива АД ЕЛЕМ“, вели Драган Миновски, директор на АД ЕЛЕМ

Извор:http://www.alsat-m.tv/mk