Компани: Горд сум на мојот тим

во категорија Спорт од

kompani

По неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед од страна на ВБА, нивниот градски ривал Манчестер Сити и официјално стана шампион на Англија.

Коментари по успехот на „Граѓаните“ стигнуваат од сите страни, а со своја изјава се јави и капитенот Компани, кој на официјалната промоција, прв ќе го подигне највредниот трофеј во Англија.

-Не може да се опише ова чувство. Неверојатно е. Ова е големо достигнување и јас сум многу горд на мојот тим. Имав некое чувство кога се разбудив ова утро, но верувајте, поинакво е искуството кога чекате некој тим да загуби. Никогаш не сум бил во можност да ја одбранам титулата, па затоа имам желба да видам дали овој тим е способен за уште повеќе успеси во иднина- коментираше Компани.

Извор:https://derbi.mk/