Како изгледа северниот пол на Јупитер?

во категорија Технологија од

Северниот пол на најголемата планета во Сончевиот систем се состои од огромни бури опкружени со центрифугални циклони со пречник поголем од оној на Месечината.

Новото видео што го објави НАСА се состои од 3D снимки направени со камерата на вселенската сонда Juno што моментално кружи околу Јупитер.

Сосема е погрешно да се опише северниот пол на Јупитер, или неговата атмосфера воопшто, е погрешно, бидејќи оваа планета е прилично ладна.

Според податоците на НАСА, температурата во светложолтите облаци на северниот пол на Јупитер изнесува -12 степени Целзиусови, а на темноцрвените облаци паѓа до -118 степени Целзиусови.

Juno ги направи снимките на нејзиното четврто обиколување на северниот пол на Јупитер. Сондата користеше инфрацрвена камера на оддалеченост од 72 километри од планетата.

Јупитер беше прилично мистериозна планета пред да почне мисијата на Juno во 2016 година.

„Пред Juno можевме само да претпоставуваме како изгледаат половите на Јупитер. Сега кога сондата лета на непосредна оддалеченост од половите ни овозможува да направиме инфрацрвени снимки“, вели Алберто Адријани, истражувач од римскиот Институт за астрофизика.

Juno досега има мапирано една третина од планетата и имаше 11 „блиски средби“ со облаците на Јупитер.

Извор:https://kajgana.com/gik