Ердоган: „Воената операција во Сирија ја сметаме за исправна“

во категорија Свет од

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека неговата земја ја смета за исправна воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган се обрати на Конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија) одржан во истанбулскиот кварт Фатих, а во таа пригода се осврна на утринската операција на САД и сојузниците во Сирија.

„Операцијата ја сметаме за исправна“, изјави Ердоган.

Ердоган упати повик до целиот свет, огромните ресурси да не се користат за нуклеарни и конвенционални проекти за вооружување, туку тие извори да се користат за доброто на човештвото.

„Го повикувам целиот свет. Дојдете да разговараме за иднината на секое оружје, хемиско, конвенционално, оружје за масовно уништување. Дојдете, нека последната криза во Сирија не биде повод огромните ресурси да се пренесуваат за нови нуклеарни и конвенционални проекти за вооружување, туку тие можности да се користат за доброто на човештвото”, порача Ердоган.

Според неговите зборови, режимот на Асад сега сфатил дека притисокот и нехуманите напади врз опозицијата нема да останат без одговор.

„Се разбира дека не е возможно да се одобри состојбата во која се наоѓаат децата кои биле под дејство на хемиско оружје. Оној кој е одговорен за тоа, треба да одговара. Режимот на овој начин увиде дека со притисоци и нехумани напади на опозицијата, нема да остане без да одговора“, порача Ердоган, зборувајќи за воената интервенција во Сирија.

Тој додаде дека во Сирија, за жал, се игра една потполно различна игра.

„Она што се прави во Сирија, најпрво е молк на насилството на тамошниот режим, потоа пружање поддршка под раката на една терористичка организација, потоа реализирање проект со друга терористичка организација. Никој не може да го занемари тоа, ние секогаш зборувавме и предупредувавме за тоа. Веќе одамна сфативме за што се работи. Ако се води борба против ДЕАШ, ние ја водиме. Ние во состав на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ неутрализиравме 3.000 припадници на ДЕАШ“, изјави Ердоган, и додаде: 

„Меѓу земјите кои имаат активности во Сирија, Турција е единствената сила која регионот што го контролира го прави повторно возможен за живот“, рече Ердоган.

Ердоган рече дека денес ќе одржи разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а дека денес и утре би требало да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со американските претставници.

Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје. 


Извор:http://aa.com.tr/mk/