Еко-активист се самозапали во Њујорк

во категорија Свет од

Познатиот еколошки активист Дејвид Букел се самоубил вчера во Њујорк, со самозапалување, информираше њујоршката полиција.

Букел (60), кој се борел против користењето фосилни горива и за права на хомосексуалците, оставил проштална порака и испратил електронска порака до весникот Њујорк Тајмс пред да се полие со течност и запали во паркот Бруклин Проспект.

– Загадувањето ја уништува нашата планета и шири отрови преку воздухот, почвата, водата и климата. Најголем дел од жителите на планетата дишат воздух кој не е здрав поради присуството на фосилните горива, а многумина умираат прерано поради тоа. Мојата прерана смрт од фосилни горива нека биде потсетник на тоа што си го правиме самите на себе, пишува во пораката до весникот.

Извор:http://press24.mk