Директорот на Старбакс им се извини на двајцата Афроамериканци уапсени во Филаделфија

во категорија Македонија од

Директорот на светскиот синџир кафулиња Старбакс Кевин Џонсон им се извини на двајцата Афроамериканци кои минатата недела беа уапсени во кафуле во Филаделфија, откако видео снимката покажа дека тие не правеле ништо лошо.

Уапсените првично беа обвинети дека без дозвола влегле во дел од продавницата кој е затворен за муштериите, поради што еден од вработените повикал полиција. Но, по објавувањето на снимката, компанијата беше обвинета дека инцидентот бил мотивиран од расна нетрпеливост од страна на вработените.

– Снимката е непријатна за гледање и постапките на нашиот вработен не ги отсликуваат вредносите на Старбакс, изајви директорот Џонсон.

Извор: https://tv21.tv/mk