Дербито во знакот на младиот голман: Донарума испиша нова страница во историјата и ја забележа одбраната на сезоната во Серија А (Видео)

во категорија Спорт од

donaruma

Големото дерби во Серија А меѓу Милан и Наполи кое попладнево се одигра на „Сан Сиро“ заврши без победник и без голови, но затоа пак мина во знакот на младиот голман Џанлуиџи Донарума.

Донарума денеска испиша нова страница во историјата на италијанскиот фудбал, стана најмладиот играч кој одиграл 100 натпревари во најсилната конкуренција на Апенините. Тој овој рекорд го постави 19 години, еден месец и 21 ден со што ги надмина величините како Џани Ривера, Силвио Пиола, Роберто Манчини, Паоло Малдини и Франческо Тоти.

Овој негов специјален ден воедно го зачини со една специјална интервенција која можеби ќе го добие признанието за потег на сезоната. Имено Џиџио во судиското продолжение се фрли како „мачка“ и му фати зицер на Милик, одбрана со која Наполи може ги загуби сите шанси за Скудетото.

Клубот од Неапол сега има 78 поени или три помалку од лидерот Јувентус кој доправа треба да го одигра мечот од оваа рунда против Сампдорија во Торино. Милан со 53 бода е на шестото место на табелата.

Останати денешни резултати:

Фиорентина-СПАЛ 0-0

Сасуоло-Беневенто 2-2

Болоња-Верона 2-0

Извор:https://derbi.mk/